Рускиот претседател Владимир Пуитин донесе декрет со кој се предвидува промена на имињата на десетици аеродроми во земјата, од Владивосток на исток до Мурманск на запад, Околу 40 аеродроми добиваат имиња на руските цареви, писатели и пионери на авијацијата и истражувачи на универзумот, јави Дојче веле
Кинескиот министер за одбрана Веј Фенге ги критикуваше Соединетите американски држави поради поддршката за независност на Тајван и предупреди дека кинеската војска „ќе преземе одлучна акција“ за да ги одбрани своите претензии за Тајван и спорните води во Јужнокинеското море
Жестока бура на Сонцето би можела на Земјата да оштети системи за комуникација и да предизвика огромна економска штета, предупредуваат научниците. Зошто соларните бури претставуваат толкава закана?
Иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека Иран може да биде подготвен за разговори за нуклеарната спогодба ако САД покажат почит и подготвеност да дејствуваат во согласност со меѓународните правила, но исто така истакна дека Техеран нема да подлегне на притисоците да започне преговори, јави агенцијата Фарс
Најмалку десет лица загинаа во експлозија во сирискиот град Рака откако бомбаш – самоубиец со возило налета на контролен пункт на силите, поддржани од САД, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Велика Британија треба да одбие да ја плати сметката „за развод“ од ЕУ од 39 милијарди фунти и да се повлече од преговорите за Брегзит ако Брисел не и дава тоа што го сака
Воениот контингент на САД во Полска ќе се зголеми за илјада луѓе, објави „Фајненшл Тајмс“
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе допатува во Тирана, само неколку часа пред најавениот седми по ред „национален протест“ на обединетата албанска опозиција
Бројот на повредени во експлозиите во фабриката за експлозиви „Кристал“ во рускиот град Џержинск се зголеми на 79 лица, соопшти денеска руското Министерство за здравство
Судија во Унгарија денеска му одреди притвор на капетанот на крузерот „Викинг“ кој учествуваше во судирот со туристичкиот брод на Дунав во центарот на Будимпешта, при што загинаа најмалку седум јужнокорејски државјани