Кинескиот и американскиот министер за одбрана, Веј Фенге и Патрик Шанахан денеска остварија конструктивни разговори, но се очекува за време на викендот на самитот за безбедност во Азија да се разијдат околу растечката глобална безбедносна улога на Кина, пренесуваат светските агенции
Планинарите кои ќе сакаат да се искачат на највисокиот врв во Европа, Монт Блан во иднина не ќе можат да пристап до патеката што води до него, доколку немаат резервирано престој во едно од попатните одморалишта
Изборните победници во Финска, Социјал-демократската партија и уште четири помали партии постигнаа договор за заедничка владина програма за четиригодишен мандат, што е одлучувачки чекор за формирање мнозинска коалиција, изјави денеска кандидатот за нов фински премиер Анти Рине
Припадници на словачката полиција денеска во центарот на Братислава ранија маж вооружен со нож, кој им се заканувал дека ќе ги убие, објавија словачкиот портал СМЕ, повикувајќи се изјави на очевидци на настанот
Иран со своите нуклеарни активности не го прекрши договорот што во 2015 година беше потпишан со највисоките светски сили, се наведува во редовниот тримесечен извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Берлин изјави дека САД нема да застанат на патот на системот на ЕУ за заштита од американски санкции на европските компании што соработуваат со Иран, се додека таа соработка се однесува на достава на хуманитарна помош и трговија со стоки што не се опфатени со режимот на санкции воведени од Вашингтон
Коалицијата предводена од САД која се бори против таканаречената Исламска држава соопшти дека ненамерно убила 1.300 цивили во Ирак и Сирија од 2014 година, додека набљудувачка група со седиште во Велика Британија тврди дека тој број е десетпати поголем
Висок официјален претставник од Администрацијата на САД издал наредба да се покрие името на американскиот разурнувач „Џон С. Мекејн“ за време на завчерашната посета на претседателот Доналд Трамп на воената база „Јокусака“ во Јапонија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изрази надеж дека санкциите на Европската унија против Русија ќе останат на сила додека украинската територија не биде вратена под контрола на Киев, објави Канцеларијата на украинскиот претседател
Францускиот главен јавен обвинител Реми Хејц најави покренување судски постапки против некои припадници на полициските сили, поради употреба на прекумерна сила врз учесниците на протестите на „жолтите елеци“ ширум Франција