Унгарската партија Фидес би можела да се приклучи на новата групација во Европскиот парламент доколку останувањето во Европската народна партија (ЕПП) не се совпадне со националните интереси, изјави претседателот на таа партија и премиер на Унгарија Виктор Орбан.
Американската хуманитарна помош за венецуелските граѓани ќе биде поделена во Колумбија, соопштија колумбиски официјални претставници.
Унгарските власти планираат да испратат нуркачи во Дунав за да ги пронајдат 19 јужнокорејски туристи и уште две други лица, кои се сметаат за исчезнати по несреќата, откако туристички брод потона во таа река.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор повика на дијалог после најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за нови царини за мексикански стоки со кои сака да изврши притисок врз латино – американската земја да вложи повеќе напори за да ја спречи илегалната миграција кон САД .
Русија и Јапонија се договорија да ги продолжат разговорите за конечно постигнување мировен договор после Втората светска војна, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата во Токио со шефот на јапонската дипломатија Таро Коно.
Најмалку седум лица се убиени или повредени во експлозија на автомобил-бомба што утрово се случи во источниот дел на Кабул, изјави Фердус Фармарз, портпарол на шефот на градската полиција, повикувајќи се првични извештаи.
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е изложен на „психичка тортура“ за време на кампањата на изнесување навреди против него во меидумите, судовите и меѓу политичарите, изјави денеска специјалниот известител на ОН за човекови права Нилс Мелзер.
Погрешно е доколку лагата ја сметате за вистина, а вистината за лага, им порача германската канцеларка Ангела Меркел на студентите на универзитетот Харвард, во синоќешното обраќање на церемонијата на врачување на дипломите.
Во првите пет месеци од годинава во САД се регистрирани 971 случај на мали сипаници (морбили), што е најголем број од 1992 година, кога биле евидентирани 963 случаи, соопштија денеска американските власти.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео денеска почна петдневна турнеја низ Европа со посета на Берлин, каде ќе ги покрене прашањата за недоволната германска воена потрошувачка, соработка со кинескиот технолошки гигант Хуавеј и германското учество во рускиот гасовод Северен поток.