Премиерката на Велика Британија Тереза Меј и натаму смета дека најдобра опција за Британија е да ја напушти Европската унија со договор
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави денеска во Брисел дека го поддржува изборот на социјалистот Франс Тимерманс за претседател на Европската комисија
Бирачите во италијанското гратче Тромело за свој градоначалник го избраа трансродниот адвокат Џанмарко Негри, кој беше главен противкандидат на претставникот на десничарската „Лига“ на Матео Салвини
Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека големата германска коалиција го поддржува изборот на „водечки кандидат“ на неодамна завршените европски избори на местото претседател на Европската комисија
Џаред Кушнер, високиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, се наоѓа на Блискиот исток за да обезбеди поддршка за својот, се уште необјавен, израелско-палестински мировен план
Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека европската комесарка за конкуренција, Данката Маргарет Вестагер, главниот преговарач за Брегзит, Французинот Мишел Барние и актуелниот потпретседател на Европската комисија, Холанѓанецот Франс Тимерманс се личностите со искуство и кредибилитет, меѓу кои би требало да се избере идниот претседател на Еврокомисијата
Американската Национална администрација за океан и атмосфера (НОАА) соопшти денеска дека прелиминарниот извештај за бури покажува дека 52 торнада биле регистрирани во понеделникот во осум држави во САД
Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска рече дека четири земји-членки на ЕУ од Вишеградската група не се согласуваат да го номинираат Словакот Марош Шефчовиќ за претседател на Европската комисија, отфрлајќи ги претходните извештаи на чешките медиуми
Европските држави мора да ги вратат нивните малолетни државјани притворени во кампот Ал Хол во Сирија, каде што 73.000 луѓе живеат во „непристојни и опасни услови“, смета комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ
Италијанскиот десничарски популистички лидер Матео Салвини изјави денеска дека европските избори креирале „нова географија“ на антиелитното расположение во ЕУ