Романската премиерка Виорика Данчила изјави денеска дека статутарните тела на Социјалдемократската партија (ПСД) ќе одлучат дали треба да се направат промени во раководството на партијата, отфрлајќи ја можноста за одржување предвремени избори
Главната француската асоцијација на жртвите на тероризмот денеска апелираше смртната казна на која во Ирак беа осудени шестмина француски џихадисти, поради нивните активности во рамките на групата Исламска држава, да им биде заменета со доживотен затвор
Венецуела доби 68 тони хуманитарна помош, испратена од Кина, во четврта таква испорака на лекови и друг медицински материјали
Граѓаните на Северна Кореја се принудени да плаќаат мито на службениците за да преживеат во својата изолирана земја, каде корупцијата е ендемична и репресивна, се истакнува во денеска објавениот извештај на Канцеларијата за човекови права на ОН
Во минатото, ние не им дозволувавме на нашите вработени да кажат гласно дека сакаме да бидеме број 1 во светот, бидејќи сметавме дека ова може да доведе до конфликти со САД, вели Рен
Парискиот обвинител Реми Хеиц, надлежен за истрагата за атентатот со пакет-бомба во Лион, издаде ретка реакција по повторените изјави на министерот за внатрешни работи и градоначалникот на Лион, потсетувајќи ги дека тој е „единствен“ овластен да објавува елементи, кои подлежат на тајноста на истрагата, пренесува дописникот на МИА.
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани изјави дека повеќето групи во Парламентот го поддржуваат принципот првиот човек на Европската комисија да се избира меѓу „водечките кандидати” од европските избори.
„Џенерал Електрик“ ќе укине 1.050 работни места во своите компании на истокот од Франција, соопшти раководството на американскиот гигант.
Шефот на британската дипломатија Џереми Хант смета дека инсистирањето на Брегзит без договор би претставувало „политичко самоубиство“ за Велика Британија.
На аеродромот Схипхол во Амстердам денеска беа откажани 80 летови, бидејќи националниот штрајк на вработените во јавниот превоз им отежна на патниците и персоналот да стигнат до третиот по големина европски аеродром.