Украинскиот министер за одбрана Степан Полторак поднесе оставка.До тоа дојде откако при инагуративниот говор, новиот претседател Владимир Зеленски побара од пратениците да ги сменат министерот за одбрана, шефот на украинската служба за безбедност и јавниот обвинител, кои се поддржувачи на поранешниот претседател Петро Порошенко
Американскиот произведувач на автомобили „Форд“ планира да затвори 7.000 работни места или 10 отсто од својата глобална работна сила, како дел од планираната реорганизација, соопшти компанијата
Руски воен авион накратко влезе во воздушниот простор на Естонија, која е членка на НАТО, по што на разговор во Талин беше повикан рускиот амбасадор
Ајфеловата кула е затворена и евакуирана поради мерки за претпазливост, откако е виден еден човек, кој се качува на неа, изјавија официјални лица
Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид денеска објави дека Велика Британија подготвува нов закон за шпионажа и размислува за ажурирање на легислативата за спречување на заканата од непријателски држави, по минатогодишното труење со нервен агенс во Солсбери
Британскиот политичар Најџел Фараж, познат по евроскептичните ставови, денеска на улица беше погоден со милкшејк додека беше на пат кон Њукасл
Стив Бенон, поранешниот советник на Доналд Трамп „нема улога во кампањата” на Националниот собир (РН) за изборите за Европскиот парламент, изјави претседателката на РН, Марин Ле Пен. Владејачкото мнозинство во Франција го обвини Бенон дека е „тројански коњ на плановите на Доналд Трамп и Владимир Путин за слабеење на Европа“
Таксистите, сопствениците на автошколите и вработените во Брзата помош во Франција денеска протестираат против најавената реформа на законот за сообраќај со блокади на улиците и патиштата ширум земјата
Руски авион извршија воздушни напади врз позиции на сириските исламистички бунтовници во градот Кафранбел во северозападната сириска провинцијата Идлиб, како одговор на нападот врз руската воздухопловна база „Хмејмим“ во Сирија.
Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република Џејкоб Зума денеска се појави на суд поради обвиненија за корупција, перење пари и рекетирање.