Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди индонезиската провинција Западна Јава
Американскиот Стејт департмент одобри продажба на рекети за противвоздушна одбрана на Јужна Кореја во вредност од 314 милиони долари, соопшти Пентагон
Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе денеска поднесе оставка на функцијата, откако синоќа беше објавена видео снимката на која се гледа како тој за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува како внука на руски олигарх
Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон предвидува дека следната недела на европските избори ќе дојде до „политички земјотрес”, откако места во Европарламентот ќе освои голема популистичка група
Британската опозициска Лабуристичка партија побара при следното изјаснување на Парламентот во Вестминстер за Договорот за Брегзит, предвидено за почетокот на јуни, пратениците да гласаат јавно
Американскиот државен секретар им порачал на ирачките власти дека ако во спорот меѓу Вашингтон и Техеран не сакаат да застанат на страната на САД, тогаш нека „се тргнат на страна“, соопштија извори од Владата во Багдад
Морнари на американската подморница „Флорида“ изработиле листа на која женските припаднички на екипажот на пловилото се подредени според нивната атрактивност, се наведува во извештај објавен на порталот „Милитари“
По објавувањето на видео снимката на која се гледа како австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува како внука на руски олигарх, канцеларот на Австрија, Себастијан Курц одбива секаква понатамошна соработка со неговиот заменик, соопштија денеска владини извори во Виена
Јапонското Министерство за комуникации планира да подготви 10 милијарди телефонски броеви со по 14 цифри, кои до 2022 година ќе треба да ги заменат сегашните 11-цифрени броеви
Американски дипломати ги предупредија комерцијалните авиокомпании чии авиони летаат над реонот на Персискиот Залив, дека се соочуваат со ризик нивните летала да бидат „погрешно идентификувани“ и да бидат цел на напад