Хотелите и останатите објекти и компании во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, лани заработиле 434 милиони долари, соопшти Канцеларијата за етичка контрола на Администрацијата на САД
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа изјави дека негови двајца претставници заминале во Норвешка со цел да испитаат дали постои можност за дијалог со опозицијата и за „изготвување мирна агенда“
Австрија ја потресува политички скандал откако синоќа беше објавена видео снимка на која се гледа како австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува дека е внука на руски олигарх
Силни експлозии одекнаа минатата ноќ во реонот на сирискиот главен град Дамаск, но засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети
Италијанската полиција во близина на островот Маретимо, западно од Сицилија, заплени 5.474 килограми хашиш, чија вредност е проценета на 50 милиони евра
Околу 11 милиони Австралијци денеска гласаат за избор на нов состав на австралискиот Федерален парламент, по 36-дневна изборна кампања во која главни теми беа климатските промени и состојбата во економијата
Масимилијано Алегри ја прокоментира разделбата со Јувентус, што ќе се случи по крајот на сезоната. Претходно истиот ден шампионите официјално објавија дека во новиот шампионат тренерот веќе нема да биде на клупата
САД очекуваат, но досега се уште не добија порака од Иран дека е подготвен да го прифати повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за директни разговори, изјави денеска неименуван висок претставник на Белата куќа
Поранешниот шеф на британската дипломатија и некогашен градоначалник на Лондон, Борис Џонсон е главен фаворит за наследник на Тереза Меј за местата лидер на Конзервативната партија и премиер на Велика Британија, покажува анкетата на јавното мислење на агенцијата „ЈуГов“ изработена за потребите на весникот „Тајмс“
Германската канцеларка Ангела Меркел демантираше дека планира да се кандидира за некоја од водечките позиции во Европската унија