Трговската војна со САД само ќе ја зајакне Кина и никогаш нема да ја фрли на колена, објави „Женмин Жибао“ весникот на кинеската Комунистичка партија
Судот во Киев почна постапка за забрана за излез од земјата за украинскиот претседател Петро Порошенко, соопштено е на веб страницата на Окружниот административен суд во Киев
Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи на Италија Матео Салвини предупреди денеска дека Владата нема да се одржи уште долго, доколку продолжат политичките расправии меѓу коалициските партнери
Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека веќе не постои светскиот поредок воспоставен после Втората светска војна и оти САД практично застанале со Кина и Русија како противници на Европа
Во Комитетот за правосудство на Сенатот на САД синоќа беше едногласно одобрен Закон за заштита на изборите, кој предвидува мерки против обидите да се влијае на изборниот процес во САД
Заменик шефот на иранската Револуционерна гарда Мохамад Салех Џокар денеска изјави дека дури и иранска ракета со краток дострел би можела да достигне до американските воени бродови во Персиски Залив, оценувајќи дека САД не можат да си дозволат нова војна
Во ситуација кога ниту една од политичките партии во Албанија не презема чекори за надминување на кризата, албанскиот претседател Илир Мета упати силна порака дека е време политичарите да преземат одговорност, да се повикаат на здравиот разум и да не бидат егоисти за да не ги втурнат Албанците во граѓански конфликт
Министрите за финансии на ЕУ ги отстранија Аруба, Барбадос и Бермудите од црната листа на даночни оази денеска во Брисел, листата сега содржи дванаесет територии.
Европската Унија денеска ги продолжи за уште една година санкциите против режимот на Башар Ал Асад во Сирија, до 1 јуни 2020 година.
Европската Унија првпат ќе може да воведува таргетирани санкции како одговор на кибер напади и обиди за кибер-напади кои претставуваат закана за безбедноста на Унијата, одлучи денеска Советот на ЕУ.