Најмалку 17 војници се убиени, а 11 се исчезнати во заседа во Нигер, во близина на границата со Мали
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сочи изрази подготвеност да се сретне со неговиот американски колега Доналд Трамп за време на Самитот на Г-20 кој е планиран да се одржи на 28 и 29 јуни во јапонскиот град Осака
Франција не планира да ја прекине воената обука во Ирак, откако тоа го направија Германија и Холандија, изјави претставник на француското Министерство за одбрана
Хути борците и провладините сили на Јемен, поддржани од Саудиска Арабија, денеска се судрија во градот Ходеида во Јемен, прекршувајќи го примирјето, со што го закомплицираа договорот за повлекување на војниците, чија цел беше да почнат пошироки мировни преговори
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека таа и францускиот претседател Емануел Макрон „се борат“ политички и имаат различни ставови, но на крајот сепак успеваат да најдат компромис и да соработуваат
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска апелираше на единство на азиските земји во трговската војна на Кина со САД
Властите во Германија денеска претресуваа куќи и банки низ целата држава во истрагата за даночно затајување, иницирана од Дојче банк
Наталитетот во САД опаѓа четврта година по ред и стапката на новородени лани била најниска во изминатите 32 година, покажуваат резултатите од најновото истражување на владиниот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ)
Емирот на Кувајт, шеикот Сабах Ал-Ахмад Ал-Џабер Ал-Сабах денеска порача дека кувајтската армија мора да биде подготвена поради конфликтот на Блискиот исток, кој доведе до состојба на несигурност и намалена безбедност
Речиси 50 Палестиници се повредени откако ја нападнаа израелската армија на границата помеѓу Појасот Газа и Израел. Палестинците денеска го одбележуваат Денот на катастрофата (Ал Накба) односно 15 мај кога Израел во 1948 година стана независна држава