Повеќемина истакнати пратеници од редовите на Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј, најавија дека и по четврти пат нема да го поддржат Договорот за Брегзит, што нејзината Влада го постигна со Брисел лани во ноември
Меѓународната федерација на новинарите ги осуди притисоците врз француските новинари, откако тројца француски новинари беа повикани на сослушување во Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ) по објавувањето на доверливи информации за употребата на француското оружје во војната во Јемен
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу денеска негираше дека Турција го одлага купувањето на рускиот противракетен систем С-400, поради напнати односи со САД
Според најновите анкети ултрадесничарската партија на Марин Ле Пен, Национален собир има најголема поддршка од Французите, додека на второ место е партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Република во движење
Кина ќе биде поотворена кон светот, рече претседателот на Кина, Си Џинпинг и притоа ги нарече „глупави“ оние кои веруваат во културната надмоќ
Вкупно 23 членови на владите на поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, меѓу кои Ибер Ведрин, Пол Килес, Ролан Дима, Елизабет Гигу и Жак Ланг, побараа извинување од носителот на листата на Социјалистичката партија за европските избори, Рафаел Глуксман, поради неговото обвинување дека Митеран е „соучесник во геноцид во Руанда во 1994 година“
Сан Франциско е првиот американски град кој забрани препознавање на лицата на улиците во градот
Германија донесе одлука за прекин на обуката на ирачките вооружени сили од страна на германски инструктори, поради зголемувањето на тензиите во регионот, соопшти денеска Министерството за одбрана во Берлин
Двеминутна видео-снимка со порака: „Израел не е безбеден, ќе видите“, е испратена за време на првото полуфинале од изборот за Песна на Евровизија преку страницата на јавниот сервис Кан
За да ги охрабри своите членови да ја измерат плодноста на нивните почви, секцијата на најголемиот француски земјоделски синдикат ФНСЕА од Марна, во партнерство со Комората за земјоделство на Франција, ги повика земјоделците од регионот да закопаат памучни гаќи меѓу нивните култури