Турската армија ги негираше обвиненијата на грчкиот институт за заштита на морската средина дека поморските вежби кои неодамна ги спроведе се причина за масовен помор на делфини.
Белгискиот премиер Чарлс Мишел за денеска свика состанок на земјите на Европската унија во Брисел, кои се „најдиректно засегнати“ од излегувањето на Велика Британија без договор.
Според излезните анкети од денешните парламентарни избори во Израел, партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху и ривалската Сино и бело на Бени Ганц се многу блиску со резултатот и во овој момент е тешко да се утврди која е во предност.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска се заложи за одложување на Брегизт за најмногу една година, во писмо упатено до лидерите на 27-те земји членки на Европската унија (ЕУ) во пресрет на утрешниот самит во Брисел, на кој ќе учествува и британската премиерка Тереза Меј.
Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио денеска во делови од Бруклин прогласи за задолжителна ММР вакцинација за жителите кои живеат во загрозените подрачја, во спротивно ќе се соочат со казни.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема да се врати на политиката на одвојување на деца од мигрантски семејства кои илегално ја преминале границата, еден ден откако медиумите објавија дека неговата администрација ја разгледува можноста за повторно враќање на таа мерка.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска оцени дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија (Брегзит) може да се одложи до почетокот на 2020 година
Најмалку 47 луѓе загинаа, а околу 200 се повредени во последните три дена во конфликтите во Либија, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО)
Редовниот самит меѓу Европската Унија и Кина заврши со минимални заложби и амбиции во контекст на зголемени трговски и политички тензии меѓу двата блока
Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изрази надеж дека исходот од изборите ќе му помогне на Израел „да дојде на преговарачката маса” и да тргне „на вистинскиот пат за да се постигне мир”