Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека постои можност поранешната црква „Света Софија“ во Истанбул, која моментално е музеј, да ја преименува во џамија по локалните избори закажани за 31 март.
Во џамија во јужна Калифорнија изби пожар, што брзо беше локализиран, а на паркингот е пронајдена порака поврзана со неодамнешниот терористички напад на Нов Зеланд, соопшти американската полиција.
Семејството Рајман, едно од најбогатите германски деловни семејства, за време на владеењето на националсоцијализмот сесрдно ги поддржувало нацистите и користело присилна работа сила, објави „Билд ам зонтаг“.
Романската премиерка, Виорика Данчила вчера најави дека нејзината Влада донесе одлука да ја пресели својата Амбасада во Ерусалим. Таквата одлука е во спротивност со заедничкиот став на Европската Унија.
Француската министерка задолжена за европски прашања, Натали Лоазо, треба утре да соопшти дека се повлекува од министерското место за да ја води изборната листа на владејачката партија за Европскиот Парламент.
Повеќе од две милијарди луѓе во светот немаат пристап до питка вода, а се очекува дека до крајот на 2025 година со недостиг на вода за пиење да се соочат околу 3,5 милијарди луѓе.
При денешниот ракетен напад од Појасот Газа повредени се седум лица, вклучително едно бебе, две деца и две жени.
Најмалку пет лица се повредени во пожар што изби откако ракета погоди една куќа северно од Тел Авив, соопшти утрово израелската полиција.
Неколку дена откако владејачката партија на Унгарија, Фидес, на чие чело е премиерот Виктор Орбан, беше суспендирана од Европската народна партија, тој жестоко го критикуваше Брисел, пишува „Политико“.