Претставници на племето Фулани, во централниот дел на Мали, соопштија дека бројот на загинатите во нападот изведен од милицијата се искачил на 115, а меѓу нив имало и бремени жени и деца
Неколку илјади приврзаници на руската Комунистичка партија се собраа во Москва протестирајќи против државната политика и критикувајќи ја корупцијата и зголемувањето на цените
Повеќе од 630 цивили, од кои најмалку 200 деца, загинаа во последните шест месеци во судирите на истокот на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права
На норвешкиот крузер „Викинг скај“ му откажал мотор во водите во близина на западниот брег на Норвешка, по што во тек е акција на спасување на 1.300 лица, соопшти локалната полиција
Смртниот биланс од циклонот кој ги погоди Мозамбик, Зимбабве и Малави се заголеми на најмалку 615 лица, соопшти денеска ОН, повикувајќи се на податоци од националните влади
Бројот на дела мотивирани од омраза кон муслиманите се зголеми за дури 593 отсто во Велика Британија, во седмицата во која 50 лица беа убиени во напад во две џамии на Нов Зеланд, објави „Гардијан“
Казахстан денеска го смени името на главниот град Астана во Нур-Султан во чест на долгогодишниот претседател Нурсултан Назарбаев, кој минатата недела неочекувано, по 30 години на власт поднесе оставка
Десетици илјадици луѓе маршираат денеска во центарот на Лондон, барајќи нов референдум за Брегзит, додека парламентот бара излез од ќор-сокакот во која западна истапувањето на Велика Британија од ЕУ
Зајакнувањето на безбедносните мерки во Париз за да се избегне ново насилство како минатата сабота за време на демонстрациите на жолтите елеци, резултираше со 4.688 превентивни проверки од страна на полицијата и 51 апсења, додека 29 лица добиле казни до 13 часот и 30 минути
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 8 април ќе отпатува за Москва, што ќе биде негова трета посета на Русија од почетокот на годинава, соопшти денеска Кабинетот на шефот на турската држава