Американскиот државен секретар Мајк Помпео замина на Блискиот Исток на повеќедневна турнеја и билетарални средби со високи официјални лица на Кувајт, Израел и Либан.
Франција е подготвена да стави вето на барањето на Велика Британија за одложување на Брегзит доколку Лондон не понуди никаков алтернативен план или, пак, со тоа се загрозуваат институциите на ЕУ, соопшти кабинетот на претседателот Емануел Макрон.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ќе отпатува за Брисел каде ќе присуствува на состанокот на Европската народна партија (ЕПП), на кој ќе се расправа дали неговата партија Фидес ќе биде исклучена или суспендирана од тој главен сојуз на десничарските партии во Европскиот парламент.
Патнички авион се запали при слетување на аеродромот Мехрабад во Техеран, а сите сто патници се евакуирани и никој не е повреден, соопшти директорот на иранската агенција за вонредни ситуации Пир-Хосеин Коливанд.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го смета Бразил за главен сојузник на САД надвор од НАТО, па затоа оваа јужноамериканска држава дури би можела да стане и членка на Алијансата
Одолговлекувањето на разговорите за Брегзит ќе има „политичка и економска цена“ за Унијата, па затоа Лондон треба да понуди јасен план за тој процес, изјави денеска главниот преговарач на ЕУ за британското истапување од блокот, Мишел Барние
ЕУ објави дека ќе финансира до 500 милиони евра во проекти поврзани со одбраната, како што е создавањето на „Евродрон“
САД воведоа санкции кон венецуелската рударска компанија „Минервен“, со образложени дека нејзините приходи од производството на злато се користат за финансирање на претседателот Николас Мадуро и неговото опкружување
Турција до месец септември ќе забележи едноцифрена стапка на инфлација, благодарение на структурните мерки на властите, изјави денеска турскиот министер за трезор и финансии Берат Албајрак, јави агенцијата Анадолија
Републиканскиот конгресмен Девин Нунес го тужи Твитер, тврдејќи дека онлајн платформата ги дискриминира конзервативците со криење на нивните постови и одобрува објавување на „злоупотреби, непријателски говор и клевети“ во врска со законодавниот орган