Доброволен фонд формиран за собирање средства за поддршка на семејства на настраданите во терористичките напади врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч собрал над 2,7 милиони новозеландски долари (1,84 милиони американски долари)
Најмалку 16 лица беа уапсени вчера во Њујорк поради блокирање на сообраќајот за време на протестите против климатските промени
Лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо изјави синоќа дека веќе воспоставил контрола врз нафтената корпорација Ситго (Citgo) каде главен акционер е венецуелската државна нафтена компанија „Петролеос де Венесуела“
Романската централна изборна комисија (БЕЦ) ја вознемири романската јавност кога ја отфрли пријавата за европските избори на Алијансата 2020 УСР ПЛУС. Коалицијата на Унијата за спас на Романија (УСР) и платформата ПЛУС смета на гласовите на образованите урбани млади луѓе и претприемачи
Словачка може да добие за првпат жена за претседател на државата на денешните избори
Франција се подготвува денеска за нов протест на движењето на „Жолтите елеци“ кои почнаа пред четири месеци, но ослабна во изминатите неколку саботи
Пентагон соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го номинирал генерал Тод Волтерс за следен командант на силите на НАТО во Европа и раководител на европската Команда на вооружените сили на САД
Има и деца меѓу жртвите и повредените во терористичките напади врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч,изјави премиерката на државата Џасинда Ардарн
Американскиот претседател Доналд Трамп го стави првото вето по неговото стапување на функцијата во Белата куќа.
Чешката полиција соопшти денеска дека прекинала меѓународен синџир на шверцери кои се занимавале со префрлање мигранти од југоисточниот дел на Азија во западна Европа.