Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид изјави денеска дека компаниите кои се рекламираат на социјалните медиуми мораат да преземат мерки за спречување екстремизам на своите канали, по денешните напади врз две џамии на Нов Зеланд во кои загинаа најмалку 49 лица.
Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин денеска соопшти дека Администрацијата ја одлага средбата помеѓу претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг.
Кинеското Собрание денеска усвои закон за странски инвестиции, што се оценува како подадено „маслиново гранче“ во текот на трговските преговори со САД.
Светските лидери се единствени во осудата на терористичкиот напад врз двете џамии на Нов Зеланд, при што загинаа 49 лица, а повредени се 20.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека САД ќе ги повлечат или ќе одбијат да издадат визи за персоналот на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој се обидува да истражи наводни злоставувања извршени од американските сили во Авганистан.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека и натаму се надева оти Вашингтон ќе може да ги продолжи преговорите за денуклеаризација со Северна Кореја и покрај заканите од Пјонгјанг за нивно прекинување.
Новозеландскиот национален авиопревозник „Ер Њу Зиланд“ откажа најмалку 17 летови кон и од градот Крајстчрч, истакнувајќи дека не може да спроведе безбедносни проверки на патниците и нивниот багаж.
Системот на ЕУ превенирање дезинформации ќе почне со работа в понеделник, соопшти денеска Европската комисија.
Британската Влада треба да достави „јасен“ план во врска со нејзините идеи за Брегзит, пред одржувањето на Самитот на ЕУ предвиден за идната недела, соопшти денеска Елисејската палата.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска остро ги осуди нападите во двете џамии на Нов Зеланд, при кои, според последните податоци, загинаа 49 лица.