Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, во име на ЕУ, ги осуди терористичките напади во Нов Зеланд и испрати сочувство и понуди поддршка за луѓето и властите во таа држава.
Полицијата во Нов Зеланд соопшти дека нивната истрага за напaдот врз две џамии во Красјтчрч се проширила на локации во Данедин на 360 км јужно и дека е извршена евакуација на граѓани oд една локација.
Новата анкета на „Галуп интернешенел” покажува дека мнозинството испитаници во светот ја претпочитаат Кина за глобален лидер пред САД.
Пронајдениот дел од стабилизаторот на урнатиот авион на „Етиопиан ерлајнс“ во Етиопија бил во слична чудна положба како и кај авионот на компанијата „Лајон ер“, кој се урна минатата година, соопштија денеска истражувачите.
Официјална Москва оценува дека подготовките на Вашингтон да постави оружје во вселената се неодговорни, изјави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Фејсбук ја обвини „промената во конфигурацијата на серверите“ за најголемиот пад во таа социјална мрежа во историјата, каде што апликациите престанаа да работат низ целиот свет.
Кина и Русија минатата година успеаја да ја прошират својата билатерална трговија, чиј обем надмина 100 милијарди долари, рече премиерот Ли Кечијан на денешната прес-конференција.
Авион Боинг 737-800 принудно слета во градот Сиктивкар во северниот дел од Русија, потврдија локални власти.
На масите во турските ресторани веќе нема да има соларници, јави Анадолија, повикувајќи се на претседателот на Федерацијата на сопственици на ресторани и слаткарници во Турција, Ајкут Јениџе.
Француските власти денеска ги засилија безбедносните мерки околу верските објекти по нападите на две џамии на Нов Зеланд, во кои загинаа 49 лица, а ранети се 20 лица, изјави министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер.