Претседателот на Советот на Европска Унија, Доналд Туск денеска изјави дека можно е да се одобри „долго“ одложување на Брегзит, во последен обид да ја убедат британската премиерка Тереза Мај да ги смени нејзините црвени линии во преговорите.
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар изјави дека испораката на авионите Ф-35 се очекува во ноември.
Германскиот министер за економија Петер Алтмаер денеска изјави дека Европска унија треба „конструктивно“ да разговара за потенцијално одложување на британското излегување од Унијата и наведе дека тој нема да поставува никакви „вештачки“ ограничувања.
Германските власти ја поздравија синоќешната одлука на британскиот Парламент за неприфаќање излез на Велика Британија од Европската унија без претходно постигнат договор за идните односи.
Белгиската царина деновиве ќе ги информира своите вработени дека нема да смеат да земаат слободни денови од 26 март до 5 април поради неизвесноста околу Брегзитот, јавуваат белгиските медиуми утрово.
Шведското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор Виктор Татаринцев и побара еден од службениците во Амбасадата да ја напушти државата, објави шведскиот весник „Дагенс нјухетер“.
Хенриета Форе, извршниот директор на УНИЦЕФ, изјави дека во граѓанската војна во Сирија, која влегува во својата деветта година, минатата година животот го загубиле 1.106 деца, и повика да се заштитат децата од конфликтот во Сирија.
Еквадор се повлекува од Унијата на јужноамерикански држави (УНАСУР), објави претседателот на таа држава Ленин Морено.
Снабдувањето со струја е „100-проценти” воспоставено низ Венецуела, објави владата, додека снабдувањето со вода за пиење е 80 отсто обновено.
Шеф од мафијашката фамилија Гамбино, Франческо Кали, познат како „Френки бој“ беше убиен пред неговата куќа на Стејтен Ајленд во Њујорк, соопшти полицијата.