Црните кутии од авионот на „Етиопиан Ерлајнс“ кој се урна кусо време по полетувањето од Адис Абеба, се испратени во Париз, соопшти авиокомпанијата.
Претседателот на Долниот дом на Парламентот Џон Баркоу изјави дека британската Влада денеска ќе поднесе во Парламентот предлог за одлагање на Брегзит до 30 јуни ако пратениците до 20 март го одобрат договорот за напуштање на Европската унија.
Турција е дом на околу 4,7 милиони странци од 192 држави, посочуваат податоци на турската служба за миграција.
Сејмот на Литванија денеска на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.
САД се подготвуваат за поагресивни кибер-операции за соодветен удар соочени со зголемен број кибер-напади и закани за вмешување во претседателските избори во 2020 година. Тоа го изјави вчера пред комисија во Конгресот, Пол Накасони, началник на Кибер-командата на САД.
Новиот претседател на ДР Конго, Феликс Чисекеди помилува речиси 700 политички затвореници кои се зад решетки од времето на претходниот претседател Жозеф Кабила.
Британските пратеници вечерва ја отфрлија можноста за излез од ЕУ без договор.
„Боинг 737“ на „Етиопиан ерлајнс“ се урна непосредно по полетување од Адис Абеба при што загинаа 157 лица. Ова е втора несреќа на новата верзија на најпродаваниот авион на американската компанија со човечки жртви во последните пет месеци.
-Тие се согласни со овој чекор. Секој авион што моментално е во лет треба да долета до предвидената дестинација и да биде приземјен до следните инструкции, изјави Трамп денеска во Белата куќа.
Вашингтон треба до август да се повлече од Договорот, потпишан во 1987 година, со кој се забранува тестирање и распоредување ракети со одреден дострел, кои се лансираат од земја.