Сириските демократски сили (СДФ) денеска спречија самоубиствени бомбашки напади на група џихадисти за време на битката за Багуз, последната енклава на Исламска држава во Сирија
Италијанското Министерство за правда нареди прелиминарна проверка на еден Апелациски суд, кој ја поништил првостепената пресуда против двајца мажи за силување, со образложение дека жртвата била „премногу грда“
Сè повеќе холандски градови забрануваат летање балони, па така во 17 отсто од општините во моментов има забрана, покажува денеска објавената студија на еколошката организација Де Нордзе (Северно Море)
Гувернерот на сојузната држава Калифорнија, Гавин Њусом денеска објави мораториум на смртната казна во оваа држава каде моментално повеќе од 700 затвореници чекаат извршување на смртна казна, објави Еј-Би-Си
Суспензијата на Договорот за пријателство, соработка и партнерство помеѓу Русија и Украина е против интересите на двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков
Најмалку пет ученици и едно возрасно лице се убиени во напад во училиште во Сао Паоло во Бразил. Нападот го извеле двајца тинејџери за време на одморот помеѓу часовите.
Американскиот Федерален суд го одби барањето за 44 невакцинирани деца да се вратат во училиште, повикувајќи се на „невидената епидемија на сипаници“ во Рокланд во државата Њујорк.
Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху крадец и тиранин, реагирајќи на неговите критики.
Германската канцеларка Ангела Меркел одби да коментира за кој период би се одложил Брегзит, истакнувајќи дека британскиот Парламент ќе го покаже правецот на натамошните случувања.
Руската кампања за дезинформации е главниот извор на лажни вести и ширењето невистини во Европа, се оценува во Резолуцијата што денеска ја усвои Европскиот парламент, во која како извори на лажните вести се споменуваат и Кина, Иран и Северна Кореја.