Главната одговорност за излез од ќорсокакот со британското истапување од ЕУ е на Велика Британија, изјави денеска преговарачот на Унијата за Брегзит, Мишел Барние во обраќање пред Европскиот парламент.
Портпаролот на „Етиопиен ерлајнс“ денеска изјави дека црната кутија од Боингот 737 Макс 8, кој се урна во неделата, ќе биде испратена на анализа во странство, но оти се уште не е одлучено во која земја.
Месеци пред несреќата во Етиопија, во која во неделата загинаа 157 луѓе, пилоти се жалеле на федералните власти во САД за авионот Боинг 737 Макс 8, објави „Њујорк пост“.
Експерти на ОН за спроведување меѓународни санкции наметнати врз Северна Кореја ги испитуваат неодамнешните купувања на луксузни автомобили од Пјонгјанг, што се во спротивност со санкциите од 2013 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со главниот директор на Боинг Денис Мјуленбург, по несреќата на Боинг 737 Макс 8 на „Етиопиан Ерлајн“ во која загинаа 157 лица, и добил уверување дека авионот е безбеден.
Поранешниот американски потпретседател Џозеф Бајден ќе ја задржи јавноста во неизвесност за кандидатурата за американски претседател во 2020 година, иако „Хил“ пишува дека веќе одлучил да влезе во трката за Белата куќа.
Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ соопшти дека минатата година ја завршил со раст на профитот и на приходите и покрај огромните трошоци во врска со аферата околу фалсификување на податоците за емисиите на штетни гасови од неговите дизел возила, позната како „дизелгејт“.
Поранешниот министер за финансии на Ватикан, кардиналот Џорџ Пел е осуден на шест години затвор поради сексуално злоставување на две момчиња кои пред повеќе од две децении пееле во црковниот хор во катедрала во Мелбурн.
Норвешкиот авионски превозник „Ер Шатл“ ќе бара од „Боинг” да плати за приземјување на авионите 737 Макс.
Наталитетот во Европската Унија бележи мал пад во 2017, во споредба со претходната година, при што највисока е стапката во Франција, а најниска во Малта, јави дописничката на МИА од Брисел.