Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека Европската Унија и дала јасни и далекусежни предлози на Велика Британија за Брегзитот и дека употребата на притисок не е вистинскиот начин да се убеди Лондон.
Велика Британија забрани прелети на авионите „Боинг 737 Макс 8“ во нејзиниот воздушен простор
Европската комисија и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и бебзедност со Федерика Могерини предложија нова стратегија за партнерството со Кина, што треба да биде разгледана на претстојниот Самит на Унијата на 21 март
Европскиот парламент денеска усвои Резолуција за политичките односи меѓу ЕУ и Русија, со која, меѓу другото, се бара и запирање на изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.
Министерот за енергетика на САД, Рик Пери синоќа изјави дека американската Влада разгледува воведување санкции против изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани изјави денеска дека ЕУ веќе нема да прави отстапки за Велика Британија, откако британскиот државен обвинител Џефри Кокс не успеа фундаментално да го измени својот правен совет за ревидираниот договор за Брегзит на премиерката Тереза Меј.
Поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон, кој избега од Шпанија откако во 2017 година се залагаше за отцепување на таа област, рече дека ќе се врати ако биде избран во Европскиот Парламент.
Паравоеното движење, кое се нарекува Ирска републиканска армија (ИРА), денеска ја презеде одговорноста за праќањето пратки, во кои имаше бомби, на неколку адреси во Лондон, како и на адреса на Универзитетот во Глазгов, соопшти британската полиција.
Децата во Италија кои не можат да докажат дека се вакцинирани, од денеска нема да можат да посетуваат училишна настава, се додека не се вакцинираат, јави Би-Би-Си.
Преговарачите на ЕУ постигнаа договор за правилата за заштита на известувачите – (свиркачите), за воведување на безбедносни механизми за известување и мерки против одмазда, јавува дописникот на МИА од Стразбур.