Властите на Израел најавија изградба на повеќе од 20.000 илегални станбени единици на територијата на окупираниот источен Ерусалим.
Творецот на Интернет, Тим Бернерс Ли предупреди денеска дека е потребна глобална акција за да се спречи интернет да се пренасочи во дисфункционална иднина.
Лабуристичката партија ќе ги отфрли промените договорени со ЕУ за договорот за Брегзит, за кој денеска ќе се гласа во британскиот Парламент.
Лидерот Ким Џонг-Ун не е на листата на 687 кандидати избрани во севернокорејскиот парламент на изборите во неделата, објавија државните медиуми, иако неговата сестра е изгласана во парламентот.
Од 1 септември сите – околу 1,1 милиони ученици во Њујорк – ќе имаат на мени во понеделник во школите вегетаријанска храна. Тоа го објави градоначалникот Бил де Блазио.
Морнарички борбен авион на кинеската војска се урна денеска, при што двајцата пилоти загинаа, пренесуваат кинеските медиуми.
Истакнатата иранска адвокатка за човекови права Насрин Сотоудех, која ги бранела уапсените жени кои протестирале поради иранските закони за носење шамија, е осудена во Техеран на вкупно 38 години затвор и 148 удари со камшик, соопшти нејзиното семејство.
Дваесет и две лица загинаа, меѓу кои 12 деца, а 30 се повредени во нападите извршени во јеменската покраина Хаџа во последните 48 часа, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) за координација на хуманитарна помош.
Излезноста на парламентарните избори во Северна Кореја за време на викендот кога гласачите можеа да гласаат за единствен кандидат, достигна 99,99 проценти, резултат кој е подобар од тој регистриран на претходното гласање – 99,97 проценти.
Австралија од денеска ги приземји сите авиони Боинг 737 МАКС од својот воздушен простор, приклучувајќи се кон неколкуте земји кои го блокираа тој модел по несреќата на „Етиопијан ерлајнс“ за време на викендот.