Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе побара од Конгресот дополнителни 8,6 милијарди долари за изградба на ѕидот на американско-мексиканската граница, изјавија американски официјални претставници.
Кина во вселената го лансираше комуникацискиот сателит наречен „ChinaSat-6C“, пренесе агенцијата Анадолија повикувајќи се на Синхуа.
Италијанскиот национален парк Чинкве Тере, со пет рибарски места на бегот на Лигурија, воведува казни од 50 до 2.500 евра за оние кои носат несоодветни чевли за качување по карпи.
Вкупно 30 лица кои вчера биле на лет од Истанбул до Њујорк биле повредени откако авионот на „Туркиш Ерлајнс“ во кој се наоѓале бил зафатен со силни турбуленции, соопшти денеска авиокомпанијата.
Ниту еден од 157-те луѓе во авионот на Етиопиан ерлајнс, кој се урна некоку минути по полетување од Адис Абеба не ја преживеал несреќата, јави државната радиотелевизија на Етиопија.
Портпаролот на Стејт департментот изјави дека гранатата која била пронајдена на московскиот аеродром Шереметјево во багажот на вработен во американската Амбасада не била опасна.
Авионот на алжирската Влада, кој минатиот месец го однесе претседателот Абделазиз Бутефлика во Женева на лекување, денеска го напуштил алжирскиот воздушен простор кон север, покажуваат податоци од радар.
Авион на „Етиопиан ерлајнс“ со 157 патници и членови на екипаж денеска се урна шест минути по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба, соопшти авиокомпанијата, но се уште нема информации за судбината на луѓето кои биле во леталото.
Во дел од Венецуела веќе четврти ден нема електрична енергија, а во многу области, вклучувајќи го и Каракас, струја има само од време на време.
Од Германија вчера стигна одговор на идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за „европска ренесанса“, но не од канцеларката Ангела Меркел, туку од лидерката на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер.