Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека неговата партија „Фидес“ би можела да се повлече од Европската народна партија (ЕПП) во услови на конфликт поради неговата медиумска антибриселска кампања.
Украинските власти му забранија на новинарот на австриската државна телевизија ОРФ, Кристијан Вершиц влез во Украина.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е подготвен да ја спаси економијата на Венецуела, но таа задача е толку тешка што е потребна помош и од меѓународната заедница, изјави синоќа директорката на ММФ, Кристин Лагард.
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Пентагон да најде воени објекти што би можеле да примат околу 5.000 мигрантски деца без придружба на мигранти, соопшти американското Министерство за одбрана.
Европската унија сака да избегне трговска војна со САД, но подготвена е да ги брани своите интереси и да одговори на секоја еднострана одлука на САД со противмерки, изјави синоќа германскиот министер за економија Петер Алтмајер.
Стотици жени во Мадрид се собраа после полноќ за да го одбележат Меѓународниот ден на жената, удирајќи со тенџериња и тави и барајќи поголема родова рамноправност. Дел од нив носеа виолетова боја, која во последните години стана заштитен знак на демонстрантите за женски права.
Поранешниот шеф на кампањата на Доналд Трамп, Пол Манофорт е осуден на 47 месеци затвор поради даночни и банкарски измами. Малверзациите беа откриени за време на истрагата на специјалниот истражител Роберт Малер за наводно мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа од Варшава упати апел до Русија да го почитува Договорот за ракетите со краток и среден дострел (ИНФ), додавајќи оти Алијансата од своја страна нема да одговори на кршењето на ИНФ со поставување на нови нуклеарни ракети во Европа.
Камион, кој превезувал мигранти од Централна Америка се преврте на автопат во јужниот дел на Мексико доцна синоќа, при што загинаа најмалку 25 лица, а 29 се повредени, соопштија локалните власти.
Во 21 од вкупно 23 сојузни држави во Венецуела вчера потонаа во мрак поради саботажа во главната електроцентрала Гури, се наведува во извештајот на Националната корпорација за електрична енергија.