Ирачкиот претседател Бахрам Салих изјави дека постои можност на терористите од таканаречената „Исламска држава“ да им бидат изречени смртни казни.
Абрамс рече дека администрацијата на Трамп е целосно фокусирана на вршењето дипломатски и економски притисок врз претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, преку санкции.
Два милиона возрасни лица во Америка биле жртви на разни видови измами. Вкупната вредност изнесува 750 милиони долари, соопшти американското Министерство за правда.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе биде разочаран ако се покажат точни извештаите дека Северна Кореја ја обновува лансирната станица, откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг – Ун вети во Виетнам дека ќе ја продолжи забраната за нуклеарни и ракетни проби.
Претседателите на европските парламентарни групи и претседателот на Европскиот Парламент дадоа поддршка за Романката Лаура Кодрута Ковеси во трката за европски обвинител.
Битката против „Исламската држава“ сé уште не е завршена и џихадистите остануваат непобедени и подготвени се на повторни акции и покрај елиминирањето на нивната физичка база во Сирија. Ова пред комисија во Конгресот го изјави генерал Џозеф Вотал, шеф на Централната команда на САД.
Британската Влада денеска објави дека во вторник во Долниот дом на Парламентот ќе се одржи второто гласање за договорот за брегзит, што е договорено со Брисел, изјави министерката за парламентарни прашања Андреа Ледсом.
Шефот на Европската централна банка Марио Драги предупреди дека неизвесноста околу Италија и тежи на економијата на еврозоната, како резултат на несогласувањата меѓу Брисел и Рим околу состојбата со јавните финансии во Италија.
Од шесте големи европски држави Франција има најлута јавност, покажа истражување на јавното мислење кое ги опфатило и Германија, Шпанија, Италија, Австрија и Полска.
Мајкл Киоло, кој во вторникот нападна два затворски службеника во затворот Конде-сур-Сарт, разменувал писма со Шекат Шериф,одговорен за нападот на Божиќниот пазар во Стразбур, без да спомене дека е можно да премине на дело