Археолози ги потврдија долгогодишните сомнежи на некои историчари дека познатиот затвор Алкатраз е изграден на воено утврдување од времето на американската Граѓанска војна.
Европската Унија се надева дека одлуката за протерување на германскиот амбасадор од државата може да биде ревидирана, изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.
Американските разузнавачки служби веќе нема да мора јавно да објавуваат информации за бројот на цивилни жртви убиени за време на воздушните напади „надвор од активната воена зона”, согласно новата наредба од американскиот претседател Доналд Трамп. Тој вчера ја укина одредбата која ја донесе неговиот претходник, Барак Обама, јави Си-Ен-Ен.
Уделот на жените во националните парламенти во земјите од ЕУ во 2018 година изнесувал 30 отсто, за разлика од пред 15 години, кога нбивното учество изнесувало 21 процент, објави Евростат.
Германските власти примиле околу 7.000 пријави дека некои од мигранатите извршиле воени злосторства во своите земји, но само 129 такви случаи се истражени.
Членките на Европската унија едногласно го отфрлија предлогот на Европската комисија на „црна листа” да се стават 23 земји и територии.
Најмалку 18 луѓе се повредени при експлозија на бомба на автобуска станица во индискиот дел на Кашмир, од кои четворица се во критична здраствена состојба.
Судот во германскиот град Лимбург денеска изрече долгогодишни затворски казни за четворицата мажи кои ја основале и раководеле со „Елизиум“, една од најголемите платформи во светот за детска порнографија.
Партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан сака да остане членка на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, изјави денеска преставник на партијата реагирајќи на апелите на највлијателниот провладин дневен весник „Маѓар немзет“ Фидес да ја напушти ЕПП.
Федералните обвинители во Германија денеска поднесоа тужба против 30-годишен Тунижанец и неговата 43-годишна сопруга Германка поради производство на биолошко оружје со кое требало да извршат напад во Германија.