Трговскиот дефицит на САД во 2018 година достигна највисоко ниво во последната деценија, со рекорден минус со Кина, и покрај царините, кои администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп ги воведе за да воспостави рамнотежа.
Поранешниот шеф на кампањата на Доналд Трамп, Пол Манофорт, може да го помине остатокот од својот живот во затвор, доколку денеска биде осуден по обвиненија за даночни и банкарски измами.
Кинеската компанија „Хуавеи“ соопшти дека ги тужи САД поради забрана на федералните агенции да ја користат опремата на тој технолошки гигант.
Севернокорејската државна телевизија прикажа документарен филм кој ја велича неодамнешната посета на својот лидер Ким Џонг-ун на Виетнам, но изоставени се неуспешните нуклеарни преговори со американскиот претседател Доналд Трамп.
Министрите за внатрешни работи на ЕУ се состануваат денеска во Брисел за да разговараат за предизвиците поврзани со миграцијата, но не се очекува значаен напредок, јави дописничката на МИА од Брисел.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ја осуди одлуката на Венецуела за протерување на германскиот амбасадор од Каракас, оценувајќи дека ова само ја отежнува ситуацијата.
Рускиот претседател Владимир Путин го поддржува предлог-законот наречен „Суверен интернет“, со кој би се поставиле темелите на руски интернет, односно целокупниот сообраќај во рускиот кибер простор би бил контролиран од главен контролен центар, објави Блумберг.
Конфликтот меѓу Индија и Пакистан расте, и не е невозможно една од двете земји, еден убав ден, да одлучи да користи нуклеарно оружје. Ова ќе има далекусежни последици, велат експертите од американскиот Национален центар за атмосферски истражувања.
Москва ќе го задржи правото на распоредување на ракети во која било област, како одговор на сличните мерки на Вашингтон, изјави вчера шефот на руската дипломатиоја Сергеј Лавров.
Германија ја продолжи привремената забрана за извоз на оружје во Саудиска Арабија, воведена поради улогата на властите во земјата во убиството на новинарот Џамал Кашоги.