Бројот на семејства на имигранти задржани на границата со Мексико во февруари се зголемил за 31 oтсто споредено со претходниот месец, изјавија од Царинската и пограничната служба на САД (ЦБП).
Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) соопшти дека покренува нов експеримент во потрага по честички поврзани со темната материја, како што се црните фотони.
Странските разузнавачки служби бараат начин да го зголемат своето влијание врз тековните процеси во Русија, рече денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанок со претставници на главната разузнавачка служба на Русија, Федералната служба за безбедност.
Шкотската полиција денеска соопшти дека пронашла сомнителни пакети на Универзитетот Глазгов и во седиштето на Кралската банка на Шкотска во Единбург.
Најновото истражување на ОБСЕ покажува дека 70 отсто жени во земјите на Западен Балкан, Молдавија и Украина доживеале некаков вид насилство.
Околу 1.500 деца се во притвор во Ирак и ирачките области под контрола на Курдите, поради наводна поврзаност со Исламската држава, објави денеска „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).
Илјада патници не можат да тргнат од четирите главни кениски аеродроми поради штрајк на вработените, што предизвика големо нарушување на авиосообраќајот.
Индиски и пакистански војници повторно меѓусебно гранатираа воени позиции и села долж границата во кашмир. Војските на Индија и пакистан се обвинија една друга за започнување артилериски напади и оган од малокалибарско оружје.
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека нема шанси за преговори или компромис со САД, бидејќи Вашингтон наводно се обидува да ја собори Владата во Техеран.
Околу 825.000 лица во 2017 година добиле државјанство во една од земјите-членки на ЕУ, а поголемиот дел од доделените државјанство биле за луѓе кои доаѓале од земји надвор од ЕУ или лица без државјанство.