САД се противат на обидите на некои арапски земји да ги обноват односите со претседателот на Сирија, Башар Асад, објави „Вашингтон Пост“.
Турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој вели дека телевизиската индустрија во Турција има буџет од околу 350 милиони долари и дека Турција се натпреварува со САД во телевизискиот и филмскиот сектор.
Пет лица, кои се наоѓале во хеликоптер за спасување, загинаа во западниот дел на Иран oткако леталото удрило во столб .
По само шест емитувања, надлежните во Обединетите Арапски Емирати ја укинаа емисијата за насилство, сиромаштија, странци и трговија со луѓе на државната телевизија СБЦ.
Заменик-министерот за внатрешни работи на Турција и портпарол на Министерството Исмаил Чатакли соопшти дека турските институции спровеле истрага за 511.646 лица, кои се осомничени за поврзаност со организацијата на Фетулах Ѓулен.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се суспендира учеството на Русија во Договорот за нуклеарни сили со среден дострел од времето на Студената војна со САД, објави денеска Кремљ.
Американскиот претседател Доналд Трамп, коментирајќи ја одлуката на САД и Јужна Кореја да стават крај на годишните заеднички воени вежби, кои се изведуваат на Корејскиот полуостров, рече дека тие вежби не ги сака не само поради заштеда, туку и за подобри односи со Северна Кореја.
Кина денеска обвини уапсен државјанин на Канада, дипломатот Мајкл Ковриг за кражба на државни тајни кои претходно му ги предал уапсениот канадски бизнисмен Мајкл Спавор.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас синоќа се состана со ирачкиот премиер Адил Абдел Махди во Багдад, каде што двајцата челници разговараа за најновите случувања во решавањето на палестинското прашање, особено по кршењето на правилата од страна на Израел во Ерусалим и светите муслимански и христијански места, вклучувајќи ја и џамијата Ал Акса.
Папата Франциско одлучи да ја отвори тајната архива на Ватикан, која се однесува на Втората светска војна, кога врховен поглавар бил Пиe Дванаесетти.