Одборот за правни прашања при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе започне истрага против претседателот на САД, Доналд Трамп и неговите соработници поради можни опструкции на правдата, корупција и злоупотреба на овластувањата.
Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев истакна дека изјавите од Вашингтон укажуваат дека политиката на соборување на непосакуваните влади повторно стана приоритет на САД.
Најмалку две лица загинаа, а повеќе се повредени во налетот на торнадо кој ја погоди американската сојузна држава Алабама.
Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон изјави дека Вашингтон се обидува да собере што поширока коалиција за смена на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
На зградата на Европскиот парламент се појави знамето на Истра, што предизвика бројни реакции на корисниците на социјалните мрежи.
Лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо ги повика жителите на Венецуела да учествуваат на општи демонстрации, што се совпаѓа со неговото враќање во земјата.
Шеикот Ахмед ал Тајеб, големиот имам на џамијата Ал Азхар, предизвика контроверзии поради тоа што изјави дека полигамијата е „неправда” кон жените, иако не повика на забрана на ваквата практика.
-Трамп не сака договор по секоја цена, ниту со Северна Кореја, ниту со кој било, ако е во спротивност со американските национални интереси, рече Болтон.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги нарече членовите на Европската народна партија (ЕПП), кои бараат исклучување на неговата партија Фидес од ЕПП, „корисни идиоти” и додаде дека нивните напори им користат само на интересите на левицата.
Социјалистичката партија на Молдавија, која го поддржува претседателот на таа земја Игор Додон и се залага за обновување на односите со Русија, победи на парламентарните избори, потврди денеска Централната изборна комисија.