Во Алжир денеска продолжија антивладините протести, а во истоимениот главен град се собраа повеќе стотина студенти со барање актуелниот претседател Абделазиз Бутефлика да не се кандидира повторно на изборите закажани на 18 април.
Посетителите на Австралија осудени за семејно насилство ќе бидат протерани од земјата или ќе им биде забранет влез, изјави денеска министерот за имиграција Дејвид Колман.
Според најновата ранг листа, САД го задржаа првото место на најмоќни земји во светот во 2019 година, а на второ и трето место се Русија и Кина.
Во Естонија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои ривали се премиерот Јури Ратас и неговата Партија на центарот и опозициската Реформска партија.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во синоќешниот телефонски разговор со американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека Москва е подготвена да разговара со Вашингтон за Венецуела, но само ако се почитува Повелбата на Обединети Нации.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја нема светла економска иднина доколку двете земји не постигнат договор, а исто така нема никаква економска иднина доколку не се откаже од нуклеарното оружје.
Најмалку 20 лица загинаа, десет се водат како исчезнати во поплавите што го погодија јужниот дел на Авганистан, соопшти денеска Канцеларијата на Обединети Нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА).
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги пофали учениците и студентите кои протестираат против климатските промени.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Анкара е подотвена да помогне во намалување на тензиите помеѓу Пакистан и Индија.
Компанијата „СпејсИкс“ денеска од космодромот на Р’тот Канаверал го лансираше „Кру Драгон“, првиот вселенски брод управуван од пилоти. Ракетата носач на вселенскиот брод, „Фалкон-9“, беше стартувана во раните утрински часови по источно-американско време и „СпејсИкс“ вршеше директен пренос на ЈуТјуб.