На Исланд денеска се одбележува Националниот ден на пивото. На денешен ден во 1989 година укината е повеќедецениската забрана за купување и пиење пиво.
Рускиот физичар и добитник на Нобелова награда, Жорес Алферов почина денеска на 89-годишна возраст.
При експлозија на гасовод во јужниот дел на Нигерија над 50 луѓе се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.
Швајцарскиот воен суд го прогласи за виновен наредникот Јохан Косар за „нарушување на швајцарската неутралност“.
Поради големиот број шумски пожари во австралиската сојузна држава Викторија наредена е евакуација на илјадници луѓе.
„Жолтите елеци” денеска повторно на антивладините протести во Париз и други француски градови.
Пет лица, од кои четири деца, настрадаа во пожар кој зафати една куќа во Нирнберг, Германија, соопшти противпожарната служба.
Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтер денеска го погоди јапонскиот остров Хокаидо, објави метеоролошката служба на Јапонија.
Новиот референдум за Брегзит ќе предизвика бес кај Британците, изјави денеска Борис Џонсон, поранешен шеф на дипломатија и жесток поборник за повлекување на Велика Британија од ЕУ, критикувајќи ги, како што рече, „копилињата кои ја водат Европа”.
Најмалку четири цивили беа убиени, а 11 повредени денеска кога индиски и пакистански војници разменија оган во спорниот регион на Кашмир.