Во нападот во сирискиот град Дума, изведен во април минатата година, додека тој беше под копнтрола на екстремистите и под опсада на провладините сили, користен е хлорин, кој содржел токсични материи, соопшти денеска Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) .
Најмалку 23 припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени денеска во напад на Талибанците во авганистанско-американска база во југозападниот дел на земјата, соопштија локалните власти.
Високиот надворешно политички претставник на САД, Дејвид Хејл ќе го посети Косово на 8 и 9 март, кога ќе се сретне со косовските лидери, потврди американската амбасада во Приштина.
Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави денеска не постои можност Велика Британија да ја напушти ЕУ на 29 март без договор.
– Во следните неколку часови ќе најавиме нови протести, истакна Гуаидо на прес-конференцијата по средбата со парагвајскиот претседател Марио Абдо Бенитес.
По посетата на високо ниво во Будимпешта од страна на Групата земји против корупцијата (ГРЕКО) при Советот на Европа, Унгарија треба да и ги претстави на унгарската јавност извештаите на ГРЕКО и целосно да ги спроведува нејзините препораки, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Илјади средношколци денеска се собраа во германскиот град Хамбург на протест против глобалното затоплување.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој присуствува во Софија на одбележување на 15-годишнината од зачленувањето на Бугарија во Алијансата, предупреди дека руското кршење на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) претставува тежок безбедносен предизвик.
Пакистан денеска на индиските власти им го предаде заробениот командант на индиските воздухопловни сили Абхинандан. Тој беше притворен во Пакистан откако во средата беше соборен неговиот авион во судирот на индиските и пакистанските воздухопловни сили долж спорната граница во регионот Кашмир.
Москва верува дека Вашингтон може да почне воена интервенција во Венецуела, занемарувајќи го ставот на латиноамериканските земји, предупреди денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по разговорот со вршителот на должност потпретседател на Венецуела, Делси Родригес.