Најмалку осум тони злато се изнесени минатата недела од трезорот на венецуелската Народна банка, тврдат опозициски пратеник и три извори во владата на Венецуела.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп имале искрен и темелен разговор во Ханој, за да го подготват патот за сеопфатни и суштински резултати од втората средба.
Британската премиерка Тереза Меј доби уште две недели за преговори со ЕУ за Брегзит и шанса да се одложи напуштањето на Европската унија, откако пратениците во Вестминстер ја поддржа нејзината нова стратегија со која се предвидува Парламентот да може да решава за одлагање на истапувањето на Велика Британија од Унијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп лично одлучи да не потпишува договор со Северна Кореја за време на средбата со Ким Џонг-ун, изјави денеска државниот секретар на САД, Мајк Помпео.
Шпанија нема да се спротивстави на одложување на датумот на влегување во сила на Брегзит, предвиден за 29 март, но под услов да не ја продолжи неизвесноста, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.
Русија ќе продолжи да ја зајакнува својата армија и морнарица, што е неопходно за да се осигура безбедноста на земјата и суверенитетот и да се заштитат националните интереси, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на одбележувањето на Денот на силите за специјални операции.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно му се закани на Брисел со царини, велејќи дека ЕУ мора да „игра според правилата” или ќе и воведе „царини од пеколот”.
Мајкл Коен, поранешниот личен адвокат на американскиот претседател сведочи пред Комисијата за надзор на владата во Претставничкиот дом, од каде изјави дека Доналд Трамп е расист и измамник.
Францускиот претседател Емануел Maкрон ја брани употребата на одбранбените лансери на гумени проектили (ЛБД) од страна на полицијата откако Советот на Европа побара да се суспендира употреба на ЛБД, во име на човековите права, јавува дописникот на МИА.
Францускиот претседател Емануeл Мaкрон изјави денеска во Париз дека на Велика Британија и треба причина за да го одложи планираното излегување од ЕУ на 29 март.