Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаса повика на директни разговори меѓу венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговиот американски колега Доналд Трамп, со цел да помогнат во справувањето со кризата во земјата.
Индија и Пакистан се на прагот на нова војна како последица на зголемените тензии, што почнаа пред две недели со напад врз припадници на Армијата на Индија во индискиот дел на Кашмир од страна на муслиманските сепаратисти на 14 февруари, при што загинаа најмалку 40 војници.
Вториот самит на лидерите на Северна Кореја и САД, Ким Џонг-ун и Доналд Трамп почна денеска во Ханој со ракување и насмевки.
Турција ја одржува најголемата поморска вежба во својата историја, со над 100 бродови на сите три мориња, што ја опкружуваат земјата, јави Анадолија.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон за да разговараат за Брегзит, односите со САД и други европски прашања.
Премиерот на Пакистан, Имран Кан му понуди дијалог на неговиот индиским колега Нарендра Моди, откако пакистанското Воено воздухопловство денеска урнаа два индиски борбени авиона.
Индија и Пакистан денеска објавија дека меѓусебно си собориле воени авиони, што доведе до драматична ескалација на конфронтацијата меѓу двете нуклеарни сили.
Најмалку 20 лица загинаа, а 40 луѓе се повредени во пожарот на главната железничка станица во Каиро, јави египетската државна телевизија.
Руски структури, вклучувајќи ја и интернет страницата на претседателот Владимир Путин, редовно се мета на кибер напади од САД и Европа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Еден рудар загина, 13 се повредени, а десетици се затрупани под земја на рударска локација во индонезиската покраина Северен Сулавеси, соопшти Националната агенција за вонредни состојби.