Санкции се воведени против Омар Прието, Рафаел Ласава, Рамон Каризалез и Хорхе Гарсија Карниеро, гувернери на државите Зулија, Карабобо, Апуре и Варгас.
Тој денеска на Твитер ја повика ОПЕК да не презема мерки за зголемување на цените на нафтата кои „стануваат превисоки“.
– Јас сум невин, секогаш го кажував тоа и ќе го повторам во Апелациониот суд, а ние ќе поднесеме жалба штом го прочитаме образложението на пресудата” на првостепениот суд, изјави Алемано пред новинарите.
САД побараа утре да биде свикана итна седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе се разговара за ситуацијата во Венецуела, откако силите на претседателот Николас Мадуро ги спречија конвоите со странска хуманитарна помош да влезат во земјатa.
Фондот за порамнување долгови во во Обединетите Арапски Емирати објави план за отпишување на кредити во вредност од 361 милион дирхами (речиси 87 милиони евра).
Кинезите открија високо квалитетна и многу вредна нафта во подрачјето на Бохајско Море. Ова откритие на нафта и гас во Бохајскиот Залив е најголемо во изминатите 50 години, а би можеле да го користат милиони граѓани во следните стотина години.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја „поздрави” одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита својата идеја за целосно повлекување на американскиот контингент, распореден во Сирија, и за зачувување на околу 200 војници, јави дописникот на МИА.
Поранешни високи официјални претставници на САД, вкупно 58 демократи и републиканци, подготвуваат изјава за прогласот за вонредна состојба на јужната граница од страна на претседателот Доналд Трамп, во која се истакнува дека „не постои фактичка основа“ за тоа, дознава весникот „Вашингтон пост“.
Руската државна телевизија објави листа на американски воени објекти што ќе бидат цел на Москва во случај на нуклеарен напад и наведе дека суперсоничната ракетата што ја развива Русија ќе може да ги погоди за помалку од пет минути.
Шефовите на држави или влади од ЕУ и Арапската лига денеска, на крајот на првиот, историски Самит во египетското летувалиште Шарм ел Шеик, изразија подготвеност за соработка во однос на миграцијата, борбата против тероризмот и најавија нова страница во меѓусебните односи.