Кина од 1 јули намалува увозни тарифи на речиси 1.500 производи за широка потрошувачка - од козметика до бела техника, за да поттикне увоз во рамките на напорите за отворање на сопствената економија.
Европскиот Парламент со големо мнозинство го изгласа извештајот за манипулација со бројачите на километри при продажбата на користени возила, со кој се предлагаат законски и други решенија за спречување на таа незаконска пракса.
САД и натаму ги поддржуваат актуелните преговори под водство на Обединетите нации за проблемот околу името на Македонија, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, нагласувајќи ја поддршката за решение на овој долгогодишен спор.
Одлуката на САД за воведување на царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ е незаконска и погрешна и може да ја „затвори вратата“ за други разговори, оцени денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
- Движењето пет ѕвезди и Лигата постигнаа договор за формирање политичка влада на чело со Џузепе Конте како премиер, се наведува во заедничкото соопштение на лидерите на М5С и Лигата, Лујџи Ди Мајо и Матео Салвини.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека можеби ќе биде потребно да одржи повеќе од една средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за да постигнат договор за денуклеаризација.
- Состанокот помина добро. Постигнат е напредок, изјави високиот претставник на Стејт департментот, по крајот на разговорите, што завршија два часа порано од предвидено.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој не планира да поднесе оставка на функцијата во пресрет на утрешното гласање за недоверба на неговата Влада, соопшти доцна попладнево претставник на шпанскиот владин Кабинет.
Вршителот на должноста премиер на Чешка, Андреј Бабиш денеска најави дека на 6 јуни чешкиот претседател Милош Земан повторно ќе го именува на премиерската функција.
Европската комисија веднаш се огласи со реакција на најавата на САД дека ќе воведат дополнителни царини на увозот на челик и алуминиум од ЕУ, најавувајќи дека утре во Светската трговска организација (СТО) ќе покрене правна постапка за оваа американска одлука.