Венеција, која годишно ја посетуваат 24 милиони туристи, планира да воведе туристичка такса во износ до 10 евра.
Обединетите Арапски Емирати на 25 септември ќе го испратат својот прв астронаут во вселената, а тоа ќе биде Хаза ал-Мансури или Султан ал-Најади, соопштија денеска властите на земјата.
Ќе бидат потребни децении за да се воспостави нови полицентричен систем во меѓународните односи, но тоа на крај ќе донесе постабилен и побезбеден светски поредок, истакна денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Самопрогласениот времен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо ја повика меѓународната заедница да ги разгледа „сите опции“ за решавање на кризата во земјата.
Вашингтон побара совет од Москва пред состанокот на лидерите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун во Ханој, што ќе биде одржан кон крајот на неделата, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Виетнам.
Британскиот „Гардијан“ објави детали од документ на Африканската Унија (АУ) според кој 55-те земјите членки на АУ се противат на европскиот план за отворање „излезни платформи“ во Африка за да спречат миграција кон европскиот континент.
Хакери го нападнаа централниот интернет именик Икан, со кој обезбедија потенцијален пристап до сите видови на податоци, изјави денеска францускиот државен секретар задолжен за дигитална технологија Мунир Мажуби, јави дописникот на МИА.
Повеќе стотици луѓе синоќа протестираа во Барселона против посетата на шпанскиот крал Фелипе Шести на Каталонија каде беше домаќин на вечера за компании во областа на мобилната телефонија.
Американскиот ракетен разурнувач „Доналд Кук“ вплови во украинското пристаниште Одеса.
Американскиот сенатор Марко Рубио на Твитер стави фотографија од убиството на либискиот водач Муамер Гадафи како порака за венецуелскиот претседател Николас Мадуро.