Бројот на припадниците на венецуелските безбедносни сили кои ддезертираат и пребегнуваат во Колумбија се зголеми на најмалку 13, изјави портпаролот на колумбиските миграциски власти.
Обвинителството на градот Њујорк има намера да го обвини Пол Манафорт, поранешен раководител на изборниот штаб на Доналд Трамп, и тој повторно да се најде во затвор и покрај можно помилување од Трамп, објави „Њујорк тајмс“.
Водачот на венецуелската опозиција и самопрогласен привремен претседател на таа земја Хуан Гуаидо на Твитер напиша дека дел од сроаботниците на претседателот Николас мадуро веќе не се во земјата.
Илјадници католици од Италија и странство денеска одржаа протестен марш во Рим против начинот на кој Ватикан го решава прашањето со свештениците педофили.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун му рекол на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека не сака неговите деца да пораснат со товарот на нуклеарното оружје, изјави денеска поранешниот шеф на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Ендрју Ким.
Во белгиската престолнина Брисел почна познатиот Саем на чоколада „Салон Ду Чоколат”, кој привлекува големо внимание на јавноста и медиумите од Белгија и од остатокот од светот.
Најмалку 89 лица починаа откако се пиеле токсичен, домашно произведен алкохол, во североисточниот дел на индиската држава Асам, а околу 200 други се хоспитализирани, изјави денеска официјален претставник на индиската Влада.
Командантот на КФОР, генерал-мајор Лоренцо Д’Адарио изјави деканишто не укажува на тоа дека може да има инциденти во Косово, но дека го „загрижуваат изјавите што доаѓаат од двете страни”.
Шесткатната зграда во градот Меделин, каде некогаш живееше колумбиски нарко бос Пабло Ескобар е разнесена во експлозија во обид на властите да се борат против неговата заоставштина. На тоа место ќе биде изграден парк, во знак на сеќавање на жртвите на криумчарите на дрога.
Војската на Венецуела денеска употреби солзавец во близина на границата со Колумбија против група луѓе кои се обидувале да преминат во таа соседна земја за да одат на работа.