По скандалот со кражбата на оружјето од албанската поморска база „Пашалиман“, ограбен и магацинот на Центарот за снабдување со технички материјал на Министерството за внатрешни работи на Албанија.
Околу 2,7 милиони луѓе ја напуштиле Венецуела од 2015 година, соопшти денеска Организацијата на Обединетите нации, предупредувајќи дека масовното иселување ќе продолжи во услови на политичка и економска криза.
Повеќе од 40 работници на плантажа за чај во Индија починаа како последица на труење со отровен алкохол, произведен во домашни услови, соопшти индискиот министер за енергетика Тапан Гогои.
Европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром изјави дека има „целосна поддршка“ од земјите членки на ЕУ, Унијата да возврати доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за увоз на автомобили и автомобилски делови од Европа.
Јапонскиот министер задолжен за организацијата на Олимписките игри во Токио во 2020 година, Јошитака Сакурада беше изложен на критики поради триминутно доцнење, поради што мораше јавно да се извини.
ЕПП е загрижена за политичката хајка, за насилството во затворите, за извештаите за измама на изборите и повикува на транспарентни слободни и фер избори според демократските стандарди, стои во објавата на Твитер профилот на ЕПП.
Независниот сенатор од американската сојузна држава Вермонт. Берни Сандерс, кој најави учество во трката за демократски кандидат за претседател на САД на изборите во 2020 година, изјави дека не го признава Хуан Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела.
Илјадници Палестинци денеска ја пробија безбедносната барикада околу Ридот на Храмот во Ерусалим, што израелските власти ја поставија пред повеќе од десет години.
Заменик-претседателот на Надворешно-политичкиот одбор на Горниот дом на рускиот Парламент, Андреј Климов денеска изјави дека Русија е подготвена да го брани својот интерес на Арктикот и покрај напорите на САД за контрола на тој регион.
Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска претставија резолуција со која се бара суспендирање на вонредната состојба во земјата, што минатата недела ја прогласи претседателот на САД, Доналд Трамп за може да го изгради ѕидот долж американската граница со Мексико.