Советникот за национална безбедност на претседателот на САД, Џон Болтон соопшти дека военото аташе на Венецуела во ОН официјално го призна опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател.
Поранешниот началник на Генералштабот на кинеската армија Фанг Фенгхуи воениот суд го осуди на доживотна казна затвор поради примање и давање мито и поседување на имот, чие потекло не може да го докаже.
Според него, доларот ќе продолжи да расте во однос на еврото, со постепено продлабочување на стравувањата на инвеститорите за економските ризици поврзани со Брегзитот.
Претседателот на Украина, Петро Порошенко денеска повторно апелираше до меѓународната заедница на Русија да и се одземе правото на вето во Советот за безбедност на Обединети нации за прашањата поврзани со „руската агресија врз Украина“.
Земјите од Западен Балкан треба да имаат вистинска перспектива за членство во Европска Унија, бидејќи во спротивно постои ризик од враќање во 1990-тите, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Најмалку 600 француски Жолти елеци денеска се собраа во Женева пред европското седиште на Обединетите нации за да ја осудат бруталноста на француската полиција.
Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте изјави денеска дека неговата кампања против дрогата во иднина ќе биде многу поинтензивна.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска е во посета на Балата куќа, на која ќе се разговара за трговијата, енергетиката и безбедносните политики во Европа. Ова е прва посета на еден австриски канцелар по 14 години пауза.
Поранешниот шеф на Федералното биро за истраги (ФБИ), Ендрју Мекејб смета дека американскиот претседател Доналд Трамп е руски сојузник.
Не постојат докази дека напаѓачот од Марсеј бил радикализиран или бил терорист, истакна денеска обвинителот на Марсеј, по смртта на 36-годишното лице, убиено од полицијата откако нападна минувачи со нож, јави дописникот на МИА.