Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во реонот на Молучките Острови, во источниот дел на Индонезија.
Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес би требала да ја напушти Европската народна партија (ЕПП), изјави синоќа претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, притоа споредувајќи го Орбан со лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен.
Спасувачките екипи успеаја да спасат четворица од групата скијачи, кои вчера беа затрупани при одрон на лавина во близина на шварцарскиот скијачки центар Кран Монтана.
Руската амбасада во Лондон упати дипломатска нота до Министерството за надворешни работи на Велика Британија, во која бара да се спроведе отворена истрага во врска со минатогодишните инциденти во Солсбери и Ејмсбери, каде што четири лица, меѓу кои и поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал, беа затруени со нервен агенс „новичок“, соопшти портпарол на Амбасадата.
Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе отпатува во Брисел за да „добие информација од прва рака за последните случувања околу Брегзит“ од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, соопшти портпаролот на Еврокомисијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака Северна Кореја да стави крај на својата нуклеарна програма, но додаде дека САД не вршат притисок врз Пјонгјанг за крајниот рок за спроведување на денуклеаризацијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша декрет со кој му наредува на Пентагон да подготви план за изработка на закон за весленски сили, како шести род на Вооружените сили на САД.
Кина им забрани на странските туристи пристап на Тибет поради претстојното одбележување на годишнината од востанието против кинеската управа над овој хималајски регион.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција нема да може сама да се соочи со евентуален нов бран бегалци. Во обраќањето на Шестата министерска конференција во рамки на Будимпештанскиот процес во Истанбул, тој оцени дека изградба на високи ѕидови со бодликави жици не е решение за спречување на илегалната миграција.
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелози на средби со челниците во ЕУ и НАТО во Брисел, се обиде да ги увери партнерите дека САД остануваат посветени на трансатлантските врски.