Полски официјални претставници би можеле да го откажат планираното патување во Израел поради изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за вмешаност на Полска во Холокаустот.
Мнозинството Французи веќе не ги поддржуваат протестите на движењето на „жолтите елеци” и сакаат тие да престанат, покажува истражување објавено од весникот „Журнал ди диманш”.
Русија во периодот 2031 – 2035 година планира да испрати вселенски летала за товарен транспорт, со технологија за изградба на база на Месечината и за ископување руда, јавуваат руските медиуми.
Властите на Хаити уапсија осуммина „тешко вооружени“ мажи, меѓу кои петмина Американци и по еден Србин, Русин и Хаиќанец.
Три експлозии одекнале во Доњецк, од кои две биле во близина на хотелот во кој се наоѓа мисијата на ОБСЕ.
Пакистан го повлече својот амбасадор од Њу Делхи на консултации по ескалација на тензиите со нуклеарно оружената соседна Индија, изјави денеска портпарол на пакистанското Министерство за надворешни работи.
Истакнат републикански сенатор во неделата вети истрага за наводите на поранешниот шеф на ФБИ дека заменик-министерот за правда, Род Розенштајн, разговарал за отстранување на претседателот Доналд Трамп од функцијата во 2017 година.
Четворица индиски војници загинаа во денешниот оружан судир со терористите кои се борат против индиската управа во Кашмир од 1989 година, јави ДПА.
Руското знаме накратко се развиори од скелето на катедралата во Солсбери, британски град каде, пред речиси една година, двојниот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени со нервен гас „новичок“.
Берлин ќе запре да испорачува Германци на Велика Британија веднаш по Брегзит, па дури и ако Британија ја напушти Европската унија со постигнат договор, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на известување кое Германија го доставила до Брисел минатата недела.