Петмина американски сенатори, демократите Боб Менендез, Бен Кардин и Џин Шејхин и републиканците Линдзи Грем и Кори Гарднер, синоќа во Конгресот поднесоа предлог закон за нови санкции против Русија.
Шефот на военото контраразузнавање на Белгија Клемент Ванденберг е привремено суспендиран од должноста поради обвинение за шпионажа во корист на Русија, пишува весникот „Де Морген“.
Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска упати критики до Обединетите нации дека не преземаат видливи мерки во Сирија со цел да обезбедат мир и безбедност.
Европскиот парламент ја осуди употребата на „непропорционална” сила од страна на полицијата во протестите на „жолтите елеци“, во резолуција поттикната од француската дебата за употребата на лансирни гумени проектили за одбрана (ЛБД) за време на протестите, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Најновото истражување во Украина покажа дека популарниот комичар, 41-годишниот Владимир Зеленски, води во кампањата за претседателските избори.
Откако двете држави излегоа под заедничко знаме на Зимската Олимпијада во Пјонгчанг минатата година и имаа заеднички тим во женскиот хокеј, Северна и Јужна Кореја сега повторно си подаваат рака.
Вршителот должност министер за одбрана на САД Патрик Шанахан изјави денеска дека поддржува силно НАТО и оти САД се посветени на Алијансата.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска ги обвини европските сојузници на Вашингтон дека се обидуваат да ги прекршат санкциите што САД ги воведоа кон Иран и ги повика да се повлечат од иранскиот нуклеарен договор.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права (СОХР), врз основа на „потврдени извештаи“, соопшти дека е можно групата Исламска држава (ИД), која се соочува со притисок во своето последно упориште во сириската покраина Деир ес-Зор, да крие големо количество злато прошверцувано од други делови на Сирија и соседен Ирак, како и милиони долари.
Египетскиот парламент денеска со големо мнозинство гласови ги усвои уставните измени со кои се укинуваат ограничувањата на претседателскиот мандат на актуелниот шеф на државата Абдел Фатах ал Сиси и му се овозможува да остане на власт се до 2034 година.