Германската канцеларка Ангела Mеркел изјави денеска дека ќе направи сè што може за да се постигне „чист“ Брегзит пред крајниот рок на 29 март. сепак, таа дополни дека таквиот договор мора да биде фер и да функционира во пракса.
Државите членки на ЕУ се усогласија околу компромисот со Европскиот парламент и Европската комисија во врска со регулирањето на гасоводот „Северeн тек 2“ меѓу Русија и Германија, соопштија денеска извори од германска делегација.
Јамајчанец, во медиумите идентификуван како А. Кемпбел, доби нешто повеќе од милион долари на лотарија, а при подигнување на наградата се појави со маска на лицето, и тоа не која било, туку онаа од филмот „Врисок”.
Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека нејзината Влада не го променила својот став и оти не сака да го одложи датумот за брегзит- 29 март, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.
Во 2018 година има намалување на бројот на барања за азил во ЕУ, но и пониска стапка на одобрување азил, како и се помалку нерешени случаи, објави Европската канцеларија за поддршка на азил.
Во Германија се уапсени двајца поранешни припадници на сириската тајна полиција, кои се сомничат дека направиле злосторство против хуманоста.
Против осуммина албански државјани во Германија е покренато обвинение поради шверц во земјата на околу 1,8 тони кокаин при разработена мрежа на шверц на дрога од Јужна Америка во Европа. Кокаинот е шверцуван во кутии со банани.
Во Литванија се запленети 1,5 тони хашиш, ќија вредност е проценета на 20 милиони евра. Тоа е најголемата заплена во историјата на таа балтичка земја.
Водечките европратеници од десницата и левицата не се откажуваат од барањето за оставка на претседателот на Европарламентот Антонио Тајани поради, како што велат, иредентистичките изјави во Базовица кај Трст.
Француската полиција приведе шест лица осомничени дека со вилушкар упаднале во Министерството на Влада на Франција, каде се наоѓа канцеларијата на владиниот портпаролот Бенжамен Гриво за време на протестите на „жолтите елеци“, јави дописникот на МИА.