Нобеловецот Пол Кругман предупреди дека големи се шансите дека светската економија ќе биде зафатена од рецесија до крајот на годината.
Слободата на печатот во Европа е кревка како никогаш досега по крајот на Втората светска војна, се наведува во заклучокот на Извештајот што денеска го објавија 12 партнерски организации на Платформата на Советот на Европа за промоција на заштитата на новинарството и за безбедност на новинарите.
Од 1 март во Австрија стапува во сила законот за забранети симболи, меѓу кои се и усташките симболи, и за нивната употреба е предвидена висока парична казна. Министерството за надворешни работи состави список со забранети исламистички и националистички симболи.
Претседателските избори во Украина закажани за наредниот месец ќе бидат одржани под засилени мерки за безбедност, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Новинари на францускиот дневен весник „Либерасион”, на неделникот „Инрок“ и вработен во агенција за реклами се суспендирани од работа, по откривањето на аферата, наречена „ЛОЛ Лига“, за нивно учество во кампањи за малтретирање преку социјалните мрежи, јави дописникот на МИА.
Британската премиерка Тереза Меј се очекува денеска да побара повеќе време за преговори со ЕУ за „бекстоп“ протоколот во однос на ирската граница.
Најмалку 70 цивили загинаа или се повредени при воздушен напад на меѓународната коалиција предводена од САД во сириската провинција Деир ел Зор, јави денеска сириската новинска агенција САНА.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц на патувањето во Јапонија и Јужна Кореја, а потоа и во САД, нема да оди со шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел, што е вообичаена пракса.
Американскиот државниот секретар Мајк Помпео денеска доипатува во посета на Словачка, како дел од неговата турнејата низ Централна Европа.
Демонстрантите ги блокираа автопатиштата во Каталонија пред почетокот на судењето на 12 каталонски сепаратисти во Мадрид. Тие се обвинети по повеќе точки, меѓу кои и за бунт за време на неуспешниот обид за сецесија, кон крајот на 2017 година.