Специјален советник на францускиот претседател Емануел Mакрон, Исмаил Емелиен, соопшти дека поднесува оставка на функцијата, откако ја прекрши забраната на шефот на државата за објавување авторски книги, јави дописникот на МИА.
Во шпанскиот Врховен суд во Мадрид денеска почнува најчувствителниот судски процес во последните неколку децении, во кој им се суди на вкупно 12 каталонски сепаратисти. Тие се соочуваат со разни обвиненија, вклучително и за бунт за време на неуспешниот обид за отцепување кон крајот на 2017 година.
Венецуелската опозиција планира уште протести со цел да се запрат војниците кои ја попречуваат хуманитарната помош од САД, која според претседателот Николас Мадуро е чекор кон инвазија предводена од САД.
Вршителот на должност американски секретар за одбрана Патрик Шанахан денеска пристигна во ненајавена посета на Ирак, каде што со американските воени команданти и со претставници на ирачката Влада ќе разговара за понатамошното присуство на силите на САД во земјата.
Турските власти денеска издадоа налози за апсење на 1.112 лица, осомничени за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за државен удар во Турција во 2016 година.
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска соопшти дека властите во Берлин донеле одлука за забрана на две групи, за кои постои сомнеж дека се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК), која води вооружена борба за автономија на регионите населени со Курди во Турција.
Британската економија забележа најнизок раст во изминатите шест години, што се објаснува со неизвесноста поради излезот на земјата од Европската унија.
Градот Париз го тужи Ербиенби (Airbnb) за 12,5 милиони евра поради повеќе од 1.000 реклами за, како што тврди, нелегално изнајмување имот.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да отстапи од своето ветување дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико, јави Би-Би-Си.
Сибгатула Муџадеди, првиот претседател на Авганистан по повлекувањето на советската армија од земјата и колапсот на комунистичката влада во Кабул, почина на 93 години.