Пет акварели за кои се смета дека ги насликал нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер во младоста, не беа продадени на аукција во Нирнберг, веројатно поради сомнежите дека можеби се фалсификат.
Министерството за надворешни работи на Кина реагираше откако американски воени бродови пловеа во близина на островите во Јужно Кинеско Море, на кои Пекинг полага право.
Британскиот принц Филип (97) одлучи доброволно да престане да вози, еден месец по сообраќајката што ја предизвика и во која беа повредени две жени, соопшти Бакингемската палата.
Десетици илјади млади Белгијци со недели, секој четврток, протестираат на улиците и бараат од властите да преземат сериозни мерки против климатските промени, што почна да им пречи на некои политички кругови, кои возвратија со напади врз отганизаторите на собирите, јави дописничката на МИА од Брисел.
Наследничката на германската канцеларка Ангела Меркел на местото лидер на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер повика на изготвување на мигрантска политика на Германија, која не би му наштетила на единството на ЕУ.
Вршителот на должност американски секретар за одбрана Патрик Шанахан денеска пристигна во ненајавена посета на главниот град на Авганистан, Кабул.
Австралија и Франција потпишаа договор вреден 50 милијарди долари за изградба на 12 подморници во француските бродоградилишта за потребите на австралиската Воена морнарица, јави дописникот на МИА.
Претседателот на Иран, Хасан Рохани, во говорот по повод одбележувањето на 40-годишнината од Исламската револуција од 1979 година, денеска истакна дека Техеран е одлучен да ја прошири својата воена моќ и балистичката ракетна програма и покрај растечкиот притисок од непријателските земји и нивното инсистирање да ја ограничат иранската одбранбена програма.
Според студијата на “Еурофанд“, нарачана од Европската комисија, бројот на мажи кои земале породилно отсуство во земјите од ЕУ по раѓањето на нивните деца е во постојан пораст во последните десет години, јави дописничката на МИА од Брисел.
Најмалку 105 лица починаа поради епидемија на свински грип во северозападна Индија.